17.02.2015.

ФФМ и „Чкембарите„ со конструктивна средба пред фудбалската пролет

НА 12 ДЕНА ДО ФУДБАЛСКАТА ПРОЛЕТ, ПЕЛИСТЕР, ЧКЕМБАРИТЕ И ФФМ НА ЗАЕДНИЧКА ТРКАЛЕЗНА МАСА
ФФМ од Битола ја започна својата кампања за подобрување на организацијата на фудбалските натпревари оваа пролет и за максимална безбедност на гледачот на нашите стадиони. Така на тркалезна маса присуствуваа делегатите за безбедност при ФФМ, челниците на ФК Пелистер, комесарот за безбедност на битолскиот клуб и претставници на навивачката група „Чкембари„.
Во неколку часовна конструктивна дискусија констатирано е дека минатата есен на мечевите под Тумбе кафе мечевите беа добро организирани и единствениот инцидент се случи во 1 коло на „вечното дерби„ против Вардар. Во меѓувреме продлабочени се обидите да не се слушаат националистички скандирања на трибините.
Ова е само почеток на серијата состаноци на ФФМ со навивачките групи и клубовите, како мечевите од нашата најсилна категорија да бидат безбедни и перфектно организирани.  

Нема коментара:

Постави коментар