01.02.2015.

Благојче Марковски, нов напаѓач на Ренова

ПАК БИТОЛЧАНЕЦОТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ НАПАДОТ НА РЕНОВА ОВАА ПРОЛЕТ
Бившиот напаѓач на Пелистер, Благојче Марковски пронајде нов ангажман и во пролетниот дел од шамоионатот на Македонија ќе го носи дресот на Ренова. Марковски комплетно се опорави од тешката повреда која ја здоби на мечот во септември во Кратово и е во полн тренажен процес.
Со заминувањето на Бујчевски, уште еден битолски напаѓач ќе го предводи нападот на „гипсарите„. Марковски е искусен фудбалер и покрај за Пелистер во домашното првенство настапуваше и за Еуромилк, Силекс, 11 Октомври. Тој веднаш се приклучи кон своите нови соиграчи и ќе се обиде што е можно побрзо да се вклопи во новиот амбиент на еден месец до почетокот на вториот дел од шампионатот.

Нема коментара:

Постави коментар