05.02.2015.

Минимален пораз на Пелистер од казахстански Шахтар

ПОРАЗ ОД КАЗАХСТАНСКИОТ ШАХТАР ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО АНТАЛИЈА
Шахтар Караганди - Пелистер 1:0 (1:0)

Стадион во „Белек„ - Турција. Гледачи: 200
Стрелец: Обри во 9 минута за Шахтар Караганди

Шахтар:
Шацки, Дубков, Обри, Џидиќ, Порљиваев, Вошаљик, Петраци, Наждаран, Вилс, Аресњевич, Финонченко
Уште играа: Заруцки, Азаматов, Габишев, Покривач, Васиљев, Кострук, Муртазеев, Топчагиќ

Пелистер:
Ристевски, Петковски, Смоковски, Чешмеџиев, Велковски, Тодоровски, Мустафов, Љамчевски, Станојевиќ, Митиќ, Цилиридис
Уште играа: Стајев, Трифуновски, Речовски, Распашовски, Сулејманов, Миленковски

Екипата на Пелистер денес ја одигра првата контролна средба на подготовките во Анталија, Турција и загуби со минимални 1:0 од Шахтер Караганди. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот бил Обри уште во 9 минута. Следниот пријателски натпревар во Анталија битолчани го играат в недела на 8 февруари кога ќе ги одмерат силите со грузискиот тим Колкхети Поти. До крајот на подготовките планирана е и контрола со Висла Плок од Полска на 14 февруари.

Нема коментара:

Постави коментар