02.02.2015.

Пелистер денес заминува за Анталија, дефинирани три меѓународни теста

ЗА ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА, ПЕЛИСТЕР ДЕНЕС ЗАМИНУВА НА ПОДГОТОВКИ ВО ТУРЦИЈА
Фудбалерите на Пелистер денес патуваат за Анталија на централната фаза на зимските подготовки кои ќе ги извршат во идеални услови во познатото излетичко место Белек, крај Анталија во луксузниот хотел „Ела Квалити„.
Тренерот Ѓоко Хаџиевски ќе ги повика сите здрави фудбалери и ќе им даде можност на најмалку четири контролни натпревари кои се предвидени. Повредените Трајковски, Крстевски, Петрески и Талевски ќе останат да тренираат во Битола. Против казхстанскиот Шахтар Караганди на 5 февруари, пелистерци ќе го одиграат првиот пријателски натпревар. Потоа следува меч на 8 февруари со противник кој треба да се дефинира во Анталија, против Дебрецин на 11 февруари и против полската Висла Плок на 15 февруари. Пелистерци штом се вратат во Битола ќе одиграат уште еден меч, кој ќе биде генерална проба за стартот на вториот дел од првенството против Брегалница на 1 март.

Нема коментара:

Постави коментар