26.02.2015.

Хаџиевски: „Не работиме само за денес, правиме проект што ќе трае со години„

ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПРЕД ДЕБИТО СО БРЕГАЛНИЦА В НЕДЕЛА
Со официјална прес-конференција битолски Пелистер ја претстави фудбалската пролет, а со тоа и 14 нови фудбалери кои пристигнаа во Битола во текот на зимскиот преоден рок. Нема дилеми дека градот под Пелистер со нетрпение очекува да го види „Тумбе кафе„ исполнет и да се истркала топката во меч за бодови. Тренерот Ѓоко Хаџиевски го спореди овој проект со оној пред четврт век, кога како дел од југословенската лига, во Пелистер внесе свежа крв и „фрли во оган„ шест фудбалери од по 16 години во сениорската екипа.
„Имаме 14 нови фудбалери, голем дел од нив млади и фудбалери кои прв пат се соочуваат со сениорски фудбал. Тие главно играле за млади или Б екипи и наше е да ги внесеме во првата екипа. Но ова е проект на долг период не само на шест месеци или една година. Ние нема на секои шест месеци да ја менуваме екипата и едни да заминат за други да дојдат. Затоа бараме стрпливост и ветуваме максимална работа. На пријателските натпревари. Резултатите ни беа во целосно втор план. Задоволен сум што максимално добро одработивме. Во седум недели немаше нитуи еден проблем или гаф со фудбалерите. Работевме напорно и одигравме добри тестови против силни противници. Од 13 фудбалери од есенскиот дел скоро половина беа повредени и не беа со нас во Анталија, така да оваа екипа е скоро целосно нова. Ги повикувам битолчани да не подржат, ги очекувам „Чкембарите„ под Тумбе кафе. Знам што јавноста најмногу ја интересира. Каков ќе биде Пелистер в недела и оваа пролет? Многу работи не се создаваат преку ноќ, но ние имаме визија и убедени сме дека сме на правиот пат„ вели Хаџиевски. Најголем проблем на реноминариот стручњак му создаваат повредите, но со оглед на тоа што Петковски, Љамчевски и Станоевиќ се приклучија кон тренинзите со тимот, влегуваат во конкуренија за мечот со Брегалница в недела. Зелените долго време беа во голгетерски пост минатата есен, а сеуште не победиле во меч за бодови, откако клубот доби нов сопственик. Затоа директниот дуел против Брегалница е убава можност да се прекине црната серија. „Откако клубот го превзеде новиот доминантен сопственик, нашите цели се јасни. Прво ја подмладивме екипата, минавме перфектни подготовки и сите го чекаме најважниот дел, натпреварите. Би сакал заедно со нас да пулсира целиот град, сите симпатизери, нашите „Чкембари„ со кои ќе се сретнеме пред натпреварот со Брегалница. Пелистер не отстапува од својата стратегија да расте и како клуб и како тим и мислам дека резултатите ќе ги видиме веќе оваа пролет„ рече претседателот Димче Шеровски. И спортскиот директор Милош Манојловиќ е оптимист и смета дека промените со 14 новајлии на местата на 13 фудбалери кои го напуштија тимот, ќе донесат позитивен импулс врз тимот. 

Нема коментара:

Постави коментар