09.02.2015.

Пелистер повторно тренира и ја подготвува пролетта

ПАК СО ЗАДОЦНУВАЊЕ, НО ПЕЛИСТЕРЦИ СЕ ВО ТРЕНАЖЕН ПРОЦЕС
Иако со задоцнување, ракометарите на Пелистер ги започнаа тренинзите и веќе една недела Николовски и Поповски во ладниот амбиент на спортската сала „Младост„ во Битола го подготвуваат тимот за ракометната пролет.
Ракометарите и стручниот штаб добија по една и пол плата, но и натаму долговите кон нив се големи. Играчкиот кадар од есента е скоро ист, со исклучок на заминувањето на капитенот Васко Димитровски во Прилеп. Сите останати и натаму ќе го носат зелениот дрес, а и младиот Кузмановски кој не настапи во квалификациите за светското младинско првенство во Полска, е подготвен. Пелистер ќе се обиде да влезе меѓу шесте екипи кои ќе играат во плеј-офот и ќе се борат за европските места. Никогаш зелените не завршиле во долната половина на табелата, а два пати во својата историја не настапиле во ниту еден од ракометните купови.  

Нема коментара:

Постави коментар