08.02.2015.

Прва победа на пелистерци, совладан Колкхети Поти од Грузија

ПРВА ПОБЕДА НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ НА ТУРСКИТЕ ПОДГОТОВКИ 
Пелистер - Колкхети Поти 2:0 (0:0)

Стрелци: Љамчевски во 75 и Речковски во 90 минута за Пелистер

Стадион во Белек, Анталија - Турција. Гледачи: 200
Стрелци:

Пелистер:
Ристевски, Петковски, Чешмеџиев, Велковки, Смоковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Сулејмани, Цилиридис
Уште играа: Трифуновски, Миленковски, Распашковски, Мирчевски, Речковски

Во вториот контролен натпревар во Анталија, Пелистер го совлада грузискиот Колкхети Поти со 2:0 во најпозитивниот натпревар на екипата на Хаџиевски на подготовките во Турција. Во тврд натпревар во кој зелените настапија со шаренолик и млад состав, во последните 15 минути го скршија отпорот на Колкхети Поти. По акцијата на резервистот Филип Миленковски, резултатот го отвори Петар Љамчевски во 75 минута. Кога грузијците се отворија и оставија простор за контранапад, Речковски во судиското надополнување ги постави финалните 2:0. Тимот на Хаџиевски пак настапи без Пашовски, Степановски, Анастасов, а првите минути во Турција ги одигра младиот Мирчевски. Следниот тест натпревар Пелистер ќе го одигра на 11 февруари против Дебрецен.

Нема коментара:

Постави коментар