Powered By Blogger

13. 2. 2015.

Настапија четворицата Македонци во Бивер Крик, Нашоку 59 во квалификациите во велеслалом

СПОРЕД ОЧЕКУВАЊАТА МИНАА НАСТАПИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ АЛПСКИ СКИЈАЧИ НА МУНДИЈАЛОТ ВО САД


Антонио Ристевски го освои 36 место во конкуренција на 84 натпреварувачи  во квалификациите во велеслалом на Светското првенство во алпско скијање во САД. Најуспешниот од четворицата македонски претставници патеката во Вејл ја мина за вкупно време од 2:03,88 минути и заостана над седум секунди во однос на победникот Клемен Коси (1:56,66 мин.) од Словенија.
Дардан Дехари заврши на 45 место со време од 2:05,93 минути, дебитантот Лука Божиновски на 52 позиција со 2:07,92 мин. Битолчанецот Марјан Нашоку на крајот го освои 59 место со 2:10,28 мин. Во вечерашната борба за медалите во оваа дисциплина требаше да се појави само Дехари со стартен број 80 меѓу 100 скијачи. Сите четворица се очекува да настапат и во денешните квалификации во слалом.

Нема коментара:

Постави коментар