08.02.2015.

Нова важна победа на Ристевски и Тирана

ПОЛОВИЧЕН УЧИНОК НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ВО АЛБАНСКАТА ЛИГА 
Втор меч и втора пролетна победа за фудбалерите на Тирана, за која од новата година настапува и македонскиот интернационалец Кире Ристевски. Битолчанецот ги одигра сите 90 минути за Тирана на гостувањето кај Влазнија, кој екипата од главниот град го доби со 0:1 со голот на Бакај во 31 минута.
Битолчанецот кој како слободен фудбалер од Славија Софија се врати во албанската лига, како централен дефанзивец одигра одличен меч и го искачи својот тим на делба на првото место на табелата со 44 бода, исто колку и Кукуш. Скендербег на Ацо Стојков одигра само 0:0 на домашен терен против Лаци и остана на третото место со 40 бода, но и натпревар помалку. Во наредното 21 коло на 14 февруари, Тирана го дочекува бившиот клуб на Ристевски, Елбасан. Скендербег му гостува на фенерџијата Аполона Фиер.  

Нема коментара:

Постави коментар