06.02.2015.

Станоевиќ и Билали повредени и ќе бидат во аут уште 10 дена

НОВИ ДВА ПОВРЕДЕНИ ФУДБАЛЕРИ ВО ПЕЛИСТЕР ПО СОЛИДНИОТ НАСТАП ПРОТИВ ШАХТАР КАРАГАНДИ
Тренерот на пелистерци, Ѓоко Хаџиевски е задоволен од прикажаното на првиот контролен натпревар, кој зелените го загубија од казахстанскиот Шахтар Караганди со 1:0. Пелистерци играа многу порамноправно со силен и многу поскап ривал и тоа многу ќе им значи пред наредниот тест, в недела против грузискиот Колкхети Поти.
Сепак грижи носат повредите на Станоевиќ и Билали, кој 10 дена ќе бидат надвор од фудбалските терени и веројатно нема да настапат на мечевите во Анталија. Добро се опоравуваат капитенот Пашовски, Анастасов, Мирчевски и Степановски, а во Битола трае рекуперацијата на Крстески, Трајковски и Талевски. 

Нема коментара:

Постави коментар