Powered By Blogger

24. 2. 2015.

Пелагониско реми во последната контрола

МРЕЖИТЕ МИРУВАА ВО НАЈНОВОТО ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ НА СТАРИТЕ РИВАЛИ  
Пелистер - Победа 0:0

Стадион: Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Благојче Ралевски
Асистенти: Панде Атанасов и Васко Клочевски

Пелистер:
Драгоевиќ, Петрески, Смокоски, Чешмиџиев, Велковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Миленковски, Трифуновски, Цирлидис
Уште играа: Пашовски, Талевски, Трајковски, Атанасов, Речковски

Победа:
Апостоловски, Митрески, Милошески, Ф. Мирчески, Николов, Здравески, Мегленски, Аломеровиќ, Шаркоски, Карчески, Јанкоски
Уште играа: Јованоски, И. Мирчески, Ацески, Богоески, Зојчески, Чешалкоски, Јанкулоски, Ѓорѓиески

На неполна недела до почетокот на своите шампионати, Пелистер и Победа играа без голови на теренот со вештачка трева во Битола. Двете екипи настапија со комбинирани состави и имаа свои позитивни и негативни моменти. На мечот му недостигаа голови, иако шансите ги имаше. Аломеровиќ со удар прв се закани во 4 минута за прилепчани. Во 23 и 24 минута, битолчанецот на голот на третолигашот, Апостоловски одбрани два зицери по шансите на Миленковски и Цирлидис. Во 39 минута по акцијата на Велкоски, гркот за малку задоцни околу пеналтикот. Во вториот дел ритамот опадна и стручните штабови извршија серија на замени. Мирчески во 51 минута ја имаше најзрелата шанса за Победа, а Митиќ во 80 и Велковски во 83 минута имаа стопостони шанси за Пелистер. Зелените за разлика од мечот со Влазрими беа без репрезентативецот под 19 години, Мартин Мирчевски, а некои фудбалери Хаџиевски ги заштеди и превентивно не ги стави во игра. В недела против Брегалница по осум контролни натпревари, реновираниот млад битолски прволигаш, ќе ја има правата вредност на своите можности. 

Нема коментара:

Постави коментар