15.02.2015.

Добро второ полувреме, но сепак пораз на зелените од украинскиот ривал

СО ЕДНО ЛОШО И ЕДНО ДОБРО ПОЛУВРЕМЕ И ПОРАЗ ОД УКРАИНСКИОТ РИВАЛ, ПЕЛИСТЕР ГИ ЗАВРШИ ТУРСКИТЕ ПОДГОТОВКИ 
Пелистер - Динамо Киев Б 0:2 (0:1)

Пелистер:
Драгојевиќ, Петковски. Чешмеџиев, Велковски, Смоковски, Тодоровски, Мустафов, Митиќ, Љамчевски, Миленковски, Цилиридис

Уште играа: Ристевски, Стајев, Мирчевски

Во последниот тест во Белек, Анталија фудбалерите на Пелистер загубија со 2:0 од Б тимот на украинскиот шампион Динамо Киев. И покрај поразот битолчани имаа позитивни моменти во второто полувреме, кога ги имаше и единствените закани по противничкиот гол. Хаџиевски го потврди тимот кој играше на скоро сите натпревари во Анталија, каде зелените забележаа една победа и три порази. Денес битолчани пристигнуваат во татковината и имаат две недели да го подготват пролетното деби со Брегалница на 1 март. До тогаш најверојатно на 20,21 февруари, Пелистер ќе одигра уште еден натпревар кој ќе биде генерална проба за мечот со штипјани. 

Нема коментара:

Постави коментар