21.02.2015.

Бочевски го изненади шареноликиот Пелистер

ВО ПРВИОТ ДОМАШЕН ТЕСТ, ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ОД ЕКИПАТА НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ
Пелистер - Влазрими 0:2 (0:1)

Стадион: „Павел Шатев„ - Битола. Гледачи: 300
Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски
Асистенти: Васко Клочковски и Томче Чагорски (сите од Битола)
Стрелци: Зекири во 43 и Османи во 76 минута за Влазрими
Жолти картони: Тафо (Влазрими)

Пелистер:
Ристевски, Речковски, Талевски, Велковски, Миленковски, Тодоровски, Распашковски, Сулејмани, Стајев, Мирчевски, Петрески
Уште играа: Драгоевиќ, Митиќ, Мустафов, Цирлидис, Смоковски, Чешмиџиев, Анастасов, Трифуновски

Влазрими:
Велија, Балажи, Исмаили, Тафо, Гуцев, Марковски, Османи, Лога, Лазаревски, Зекири, Асани
Уште играа: Мух. Адили, Мур. Адили, Алиу, Ибраими, Кадриу, Сејдини

На осум дена до пролетното деби, Пелистер одигра контролен меч на теренот со вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола против амбициозниот второлигаш Влазрими. Хаџиевски извади шаренолик состав, полн со млади момчиња и со изостаноци заради многубројните повредени фудбалери. Влазрими тоа го искористи и се наметна, па дојде до победа со по еден гол во секое полувреме. Мирчевски од слободен удар и Миленковски по соло акција по левата страна, ги имаа првите домашни закани. Во последната минута од првиот дел, по акцијата на Асани по левата страна, од втор план се појави Зекири и пред одморот ги доведе гостите од Кичево во водство. Во вториот дел зелените играа подобро по влегувањата на Мустафив, Митиќ и Анастасов, но по една контра во 76 минута Мурат Адили му подготви зицер на Османи, кој овој не го прокоцка и ги постави финалните 0:2. Битолчани најблиску до гол беа преку Анастасов и неговиот центаршут-шут во 75 и ударот на Трифуновски од дистанца во 85 минута. Пелистер последниот пријателски меч пред пролетното деби со Брегалница, го игра во вторник со Победа, исто така во Битола.  

Нема коментара:

Постави коментар