28.02.2015.

Моделите на Шанел ќе продаваат билети и ќе се фотографираат со гледачите

ОРГИНАЛЕН НАЧИН КАКО ПЕЛИСТЕР ДА СОБЕРЕ ШТО Е МОЖНО ПОВЕЌЕ ПУБЛИКА В НЕДЕЛА ПРОТИВ БРЕГАЛНИЦА
Утре во Битола се очекува голема посета за мечот од 18 коло на Првата фудбалска лига помеѓу Пелистер и Брегалница. Организаторот на натпреварот преку моделите на модното студио Шанел ги промовираше билетите за мечот и токму тие ќе бидат на наплатните места и ќе се фотографираат со гледачите под Тумбе кафе.
Со ова управата на ФК Пелистер сака секој домашен натпревар оваа година да го направи спектакл и како и во претходните сезони во Битола да има голема посета на домашните мечеви на Пелистер. Билетите се по цена од 100 денари. 

Нема коментара:

Постави коментар