Powered By Blogger

13. 2. 2015.

Пелистер го смени противникот, утре ќе спарингува со Б тимот на Динамо Киев

ПЕЛИСТЕР НАМЕСТО ПРОТИВ ПОЛСКА ЌЕ ИГРА ПРОТИВ УКРАИНСКА ЕКИПА ВО АНТАЛИЈА
Пелистер утре во Белек (Турција) ќе го игра последниот пријателски натпревар на подготовките, но ќе имаат друг противник во споредба со најавеното.
Наместо против полскиот тим Висла Плок, поради тоа што овој клуб го одложил своето доаѓање во Анталија „зелените„ ќе одиграат пријателски натпревар против Б тимот на Динамо Киев. Со оглед на историјата на украинскиот најквалитетн состав и победата од 2:0 против казахстанскиот Шахтар Караганди, се работи исто така за квалитетен ривал.

Нема коментара:

Постави коментар