Powered By Blogger

28. 2. 2015.

Младиот Пелистер врти нов лист по есенската криза

ПО БЛИЗУ 100 ДЕНА ПАК ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ ВО БИТОЛА И ТОА ДИРЕКТЕН ДУЕЛ ЗА ОПСТАНОК ПРОТИВ БРЕГАЛНИЦА
Љубителите на фудбалот во Битола 100 дена чекаат на прволигашки фудбал, а преку 150 на гол на нивните љубимци. Од мечот со Тетекс, зелените немаат победа, но малку работи оваа пролет може да се споредуваат со тимот кој презими на осмото место. Само 13 фудбалери од ростерот на Марјан Секуловски останаа во клубот, а 5-6 новајлии ќе се најдат во стартниот тим в недела на директниот дуел против Брегалница.
Хаџиевски главен ривал има во времето и опоравувањето на повредените фудбалери. Така Станоевиќ, Петковски и Љамчевски се во нормален тренажен процес и се во комбинација за мечот. И Трајковски играше едно полувреме на мечот со Победа, многу подобар е и Менде Степановски. „Одработивме добри подготовки, игравме со силни противници, тоа беше големо искуство за нас. Не бевме сјајни на последните тестови, но ова е млада екипа и Пелистер ќе биде полетен оваа пролет„ вели младиот Србин, Никола Митиќ. Тренерот Хаџиевски максимално се обидува притисокот од фудбалерите да го префрли кај себе, како не би ги оптеретил младите пелистерци пред важниот меч: „Можеби имаме многу млади момци, кои не се звезди и кои не играле во сениорски екипи, туку во младински, но тие се наметнаа со многу работи во овие седум недели. Беа дисциплинирани, одработија максимално професионално и јас верувам во нив. Ја повикувам фудбалската јавност да не подржи, да верува во оваа млада екипа, а таа ќе знае да возврати. Исто така и „Чкембарите„ ни се и тоа како потребни и верувам дека декорот под Тумбе кафе ќе биде фудбалски в недела„ заврши искусниот тренер. До последен момент нема да се знае тимот на битолчани, бидејќи има многу ровити фудбалери и дури по денешниот тренинг, ќе биде избран тимот за мечот со Брегалница. Кога последен пат овие две екипи се сретнаа во Штип во октомври  беше 0:0, а на двете клупи седеа Јовановски и Секуловски, а сега скоро се е поинаку и битолските зелени и штипските сини ќе ги водат Хаџиевски и Костов. 

Нема коментара:

Постави коментар