Powered By Blogger

21. 2. 2015.

Реми на Китановски и Вождовац на теренот на лидерот Партизан

СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СРПСКАТА ЈЕЛЕН СУПЕР ЛИГА
Томе Китановски одигра 82 минути, а Вождовац освои бод на теренот на лидерот во српската Јелен Супер лига, Партизан во Белград (3:3). Пред 4.000 гледачи на стадионот на Партиза, како и на првиот натпревар на кој беше домаќин, Вождовац водеше до 85 минута, и ако на првата средба прими два гола и загуби, денес извлече бод.
Нинковиќ, Илиќ и Станимировиќ (автогол) ги постигнаа головите за Партизан, а Шкерјанц, Одита и Џугурдиќ погодија за Вождовац. Пред мечот на Црвена Звезда в понеделник во Ниш, Партизан има седум бода повеќе од вечниот ривал. Вождовац е на 11 место со 17 бода. Во наредното 17 коло, тимот на Китановски на својот „Трговски стадион„ го дочекува Доњи Срем. 

Нема коментара:

Постави коментар