Powered By Blogger

15. 6. 2015.

РК Пелистер конечно се трансформираше, со Општина Битола како единствен акционер

ДАЛИ КОНЕЧНО ДОАЃА КРАЈОТ НА ГРИЖИТЕ НА РК ПЕЛИСТЕР?
Советот на Општина Битола денес ја донесе oдлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на интерес за основање на Акционерско друштво за вршење дејност спорт во ракометниот клуб Пелистер АД Битола.
Во Одлуката се менува членот 1, став 2 кој ќе гласи: ,,Основач на акционерското друштво ќе биде Општина Битола со 100% капитал". Опозицијата реагираше за менувањето на претходната одлука, според која акциите беа 70% за две компании, а делот на општината беше 30%. Од мнозинството објаснија дека компаниите доставиле писмо во кое се откажуваат. Претходно битолскиот суперлигаш мака мачеше и ги проби сите рокови за трансформација. Надежта е дека со овој потег, барем организационо Пелистер ќе може да застане на „здрави нозе„.

Нема коментара:

Постави коментар