Powered By Blogger

25. 6. 2015.

Штерјовски официјализиран, денес почнува со тренинзи

ПЕЛИСТЕР „ГИ ПАЛИ МОТОРИТЕ„ ВО СЕЗОНАТА ВО КОЈА САМО ВРАЌАЊЕ ВО ЕЛИТАТА Е УСПЕХ
Зоран Штерјовски и официјално е нов тренер на Пелистер и денес ќе го има првиот тренинг со екипата. Нему ќе му помага Димитар Капинковски и целта на клубот е јасна, експресно враќање во Првата лига. Тимот за разлика од тој кој ја заврши минатата сезона на деветтото место претрпе голем број на измени.
Заминаа преку 10 фудбалери, главно странските фудбалери и Анастасов кој потпиша со босанскиот Витез. Преодниот рок битолчани ќе го прават во наредните неколку дена кога треба да се официјализираат договорите со неколку фудбалери кои се скоро комплетирани. Враќањето на Благојче Главевски од Силекс во овој момент е една од новостите, а ќе бидат приклучени 5-6 фудбалери од младинската екипа, која под водство на Наум Љамчевски имаше одлична пролет. Пелистер ќе тренира на теренот за вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола до 9 јули, кога ќе замине во Струга. Таму ќе го изврши централниот дел од подготовките и ќе одигра 3-4 контролни меча во период од 12 дена. Голем дел од мечевите зелените ќе ги играат на стадионот „Биљанини извори„ во Охрид, каде најверојатно ќе ги играат домашните мечеви и идната сезона, со оглед на тоа што теренот на стадионот под Тумбе кафе се реновира и се поставува нова трева. Во претходните две сезони во кои Пелистер беше второлигаш, експресно се враќаше во елитата, и на два пати со Марјан Секуловски како тренер. Се освен нова трета промоција за пелистерци ќе значи голем неуспех.  

Нема коментара:

Постави коментар