Powered By Blogger

18. 5. 2014.

Констанца четврта на ЕХФ Купот во Берлин

ТЕСЕН ПОРАЗ И ВО МАЛОТО ФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОЛОНИЈА ВО КОНСТАНЦА
Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски си заминаа без победа од фајналфорот во Купот на ЕХФ, во Берлин. Во натпреварот за трето место нивната Констанца загуби од домаќинот, Фуксе Берлин, со 28:29, во изедначен и неизвесен натпревар.
Романскиот првак беше тој којшто водеше во најголем дел од мечот, но Германците ги свртеа работите во своја полза дури во завршните седум минути, кога постигнаа четири гола по ред, а потоа ја продолжија таа серија до 6:1 за да поведат со 28.26 на две и пол минути до крајот. Екипата на Македонците, имаше и два пенала во финишот, но реализира само еден и не успеа да го загрози својот домаќин. Претходно, цели 22 минути од почетокот на мечот се играше гол за гол, сѐ додека Констанца не го направи првиот чекор и се одлепи на 12:10. Водството го сочува и на паузата (14:13), а по неколку изедначени минути во вториот дел направи серија од 5:1 и во 43. минута поведе со 21:17. Сепак, концентрацијата попушти кон крајот и романските шампиони му дозволија на Фуксе Берлин да ја направи таа решавачка серија и да оствари почесна победа на Ф4.Нашиот Ангеловски два пати шутираше кон противничкиот гол и тоа во решавачките минути, но само еднаш успеа да се запише меѓу стрелците.

Нема коментара:

Постави коментар