Powered By Blogger

17. 5. 2014.

Бронза за македонското куглање на мундијалот во Брно

БИТОЛСКИОТ КУГЛАР СО ВТОР МЕДАЛ ОД СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА ВО ДВЕ ГОДИНИ
Нов голем успех на македонското куглање и медал од големите приредби. На светското првенство во Брно, Чешка нашиот тандем микс Александар Соколовски и Мери Јанева го освои третото место и со бронза се враќа од оваа голема приредба.
Соколовски кој е државен првак во јуниорска конкуренција и втора година по ред со освојува медал на големите приредби. Минатата година во Залаегерсаг, тој беше дел од македонската репрезентација, која го освои среброто на светското екипно првенство. 

Нема коментара:

Постави коментар