06.05.2014.

Николовски и Пелистер со полн плен се враќаат од Автокоманда

ПОБЕДА НА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ПРОТИВ МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО ПРВИОТ ПРВЕНСТВЕН МЕЧ СО НОВИОТ ТРЕНЕР
Металург Јуниор - Пелистер  20:24 (8:11)

Спортска сала во Автокоманда - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје
Делегат: Папуџиев Драги од Скопје

Металург Јуниор:
Даниловски, Ивановски, Бошковски 2, Бешлиевски, Борј.Маџовски 1, Костески 2, И.Крстевски, Манасков, Велковски 3, Маркудов, Талески 3, Давитковски, Матијашиќ 1, Бој.Маџовски, Г.Крстевски 7, Палевски 1     
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 4 минути.

Пелистер:
Нкунгуа, Талевски, Јанев 1, Дрогишки 5, Блажески 1, Димитровски 6, Јуравлиов, Илиевски 3, Вешоски, Филиќ, Георгиевски 6, Кузмановски 2, Вакарук, Чурлески, Божиновски, Бесараб.   
Седмерци: 4/4  
Исклучувања: 6 минути.

Ракометарите на Пелистер му се реваншираа на тимот на Металург Јуниор за мартовскиот пораз пред почетокот на плеј-офот. Тренерот Игор Николовски ја забележа втората победа по онаа во Купот против првологашот Прилеп (20:24) (8:11) . Металург Јуниор ја загуби и шестата средба во плејофот на македонското првенство. Гостинската екипа имаше повеќе од играта и во поголем дел од средбата го контролираше резултатот. Веќе во 10. минута Пелистер водеше со предност од 4 гола (2:6), а истата предност ја имаше и во 25 минута, (6:10). Полувремето заврши со резултат 8:11. Фуриозно го почнаа вториот дел домашните ракометари. Во 35. минута беше 11:11, а во 35. минута тие го имаа и првото водство, (12:11). Од тој момент почна резултатската нишалка во која и двете екипи се менуваа во водство. Последен пат скопјани имаа тесна негатива во 56 минута, (19:20), а потоа гостите искористија неколку грешки и ја завршија средбата со убедлива победа од 4 гола разлика, максимална на денешната средба.

Нема коментара:

Постави коментар