08.05.2014.

Младинската титула се решава во Битола

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД, НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ ЗА ТИТУЛАТА ЌЕ СЕ БОРАТ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ 
Втора година по ред Битола и спортската сала Младост ќе бидат домаќини на завршниот турнир, кој ќе го даде шампионот на Македонија во ракомет во младинска категорија. В недела на 11 мај со целодневна програма, Final four турнирот ќе го отворат Пелистер и штипски Текстилец од  10:15, а веднаш потоа од 11:45 следува скопското дерби помеѓу Вардар и Металург.
Поразените екипи ќе играат меѓу себе од 16:30 часот во мечот за третото место, а финалето е од 18:15. Титулата од минатата година ја брани Пелистер, а овој пат борбата за трофејот ќе биде уште поинтересна. Најавено е гостување на челниците на РФМ, како и на голем број љубители на ракометот и не само од Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар