Powered By Blogger

26. 5. 2014.

Металург од Битола ја носи шестата домашна титула

ПОТВРДЕНО ОНА ШТО ВЕЌЕ СО НЕДЕЛИ СЕ ЗНАЕ. МЕТАЛУРГ ЈА ВРАЌА ТИТУЛАТА ВО АВТОКОМАНДА
Пелистер - Металург 20:25 (10:15)

Металург е новиот шампион на Македонија! Тимот од „Автокоманда“ само го доигра сценариото кое го напиша на 8 мај во дербито со Вардар, совладувајќи го попладнево Пелистер со 25:20.
Битолчани не можеа да играат повеќе од своите можности и држеа приклучок само некаде до 16. минута. Дотогаш имаа константно водство од еден гол разлика, но потоа влезе Никола Митревски, направи неколку интервенции и Металург се одлепи до 15:10 на паузата. Потребни беа 18 минути во вториот дел скопјани да дојдат до 20:13 што се покажа недостижна предност и овоможи формална завршница. Најефикасен на мечот беше најдобриот играч на „сините“ оваа година, Ренато Вугринец, со 11 гола. Му помогнаа Атман и Манасков со по четири, а толку имаа и најефикасните кај Пелистер, Блажевски и Бесараб. Ова е шеста титула за Металург, четврта во ерата на Лино Червар. Ја заслужи со 27 бода во плејоф-фазата, колку што има и Вардар, но новиот шампион беше подобар во меѓусебните дуели.

Нема коментара:

Постави коментар