10.05.2014.

Во последната секунда побегна победата на Пелистер

ПРВО РЕМИ ВО ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Пролет - Пелистер 21:21 (9:7)

Во чуден натпревар со многу специфичен развој на настаните, Пелистер се врати со бод од гостувањето кај Пролет, а лесно можеше да ги донесе и сите три бода, но можеше и да загуби. Момците на Игор Николовски многу лошо го започнаа мечот и скоро 10 минути беа без постигнат гол.
По почетните 8:0 за екипата на Пролет, лошо им се пишеше на битолчани. Но полека се враќаа во мечот и Блажевски и Ѓорѓиевски до одморот фатија приклучок. На полувреме зелено-белите се доближија до 9:7. Напад по напад пелистерци воспоставија баланс и во 41 минута израмнија на 13:13. Дури и во втората половина на вториот дел успеа да поведе. Пред самиот крај се чинеше дека бодовите ќе заминат во Битола, но во последната секунда Стефанов со гол од седмерец Пролет стигна до бод. Во тимот на Пролет Петрушевски постигна 5, а Петковски и Стефанов по 4 гола. Кај Пелистер Бобан Блажевски со 7 гола беше најефикасен, Чурлевски постигна 4, а Јанев и Ѓорѓиевски по 3 гола. Веднаш в понеделник ракометарите на Пелистер пак гостуваат во главниот град, овој пат во мечот од четвртфиналето на Купот против фаворитот и веројатно новиот првак Металург. 

Нема коментара:

Постави коментар