Powered By Blogger

26. 5. 2014.

Шундовски и Ангеловски пак се шампиони на Романија

КОМПЛЕТИРАНА ПЕРФЕКТНАТА СЕЗОНА НА КОНСТАНЦА СО ТРОЈНА КРУНА И ПОЛУФИНАЛЕ НА ЕХФ КУПОТ
Екипата на Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски го одбрани шампионскиот наслов во романското ракометно првенство, но додека успее си ги нагриза нервите и ја искомплицира, речиси, добиената ситуација.
Во последното коло од плејоф-фазата Констанца загуби на гостувањето кај Бакау, со 24:19 и успеа да го одбегне поразот од девет гола разлика кој ќе беше фатален. Домаќините отворија одлично, со 5:0, а некаде во второто полувреме имаа и седум гола позитива, но на крајот поразот остана надвор од критичната зона. Сепак, ќе беше неправедно ако Констанца не ја освоеше титулата, зашто доминираше во целото првенство и, всушност, ова и беше прв пораз сезонава. Ова е деветта шампионска титула за Констанца и доаѓа како лек за поразите на фајналфорот во Купот на ЕХФ, минатоит викенд.

Нема коментара:

Постави коментар