Powered By Blogger

18. 5. 2014.

Монпеље пресилен за Констанца во ЕХФ Куп полуфиналето

ПОРАЗ НА ЕКИПАТА НА ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕХФ КУПОТ ВО БЕРЛИН
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски не успеа со неговиот клуб, романската Констанца, да се пласира во финалето од ЕХФ Купот, откако на фајналфорот во Берлин, загуби од францускиот Монпелје со 32:36.
Французите беа пресилни за тимот на Констанца, каде што настапува и нашиот Бранко Ангеловски, водеа во текот на целиот меч и заслужено одат во финалето, каде што за противник ги чека унгарскиот ПИК Сегед, кој направи огромна сензација откако во првото полуфинале го совлада домашниот Фуксе Берлин со 24:22.

Нема коментара:

Постави коментар