Powered By Blogger

7. 5. 2014.

Кедев: „Мурато е најдобриот македонски спортист„

ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ ОСВОЈУВАЧ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ НЕ ШТЕДЕШЕ ЗБОРОВИ ЗА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ОСВОЈУВАЧ
Салата на битолскиот народен театар беше претесна да ги прими сите вљубеници на алпинизмот, на планината и природата кои дојдоа да го поздрават јубилејот - 25 години од искачувањето на Монт Еверест на Димитар Илиевски - Мурато.
Личната рефлексија на професор д-р Сашко Кедев, кој 20 години по Мурато се искачи на врвот на светот беше детална, забавна и 90 минути Кедев говореше за неговиот подвиг да се искаче на седумте највисоки врвови на сите седум континенти. Пред презентацијата тој емотивно говореше за Мурато: „Сум имал преку 20 вакви презентации низ Македонија, ама ова да го претставам во Битола, во градот на Димитар Илиевски - Мурато е нешто посебно. Во овој спорт, но и генерално во македонскиот спорт, Мурато нема рамен на себе. Неговиот подвиг во тоа време, со таа логистика е најголемиот подвиг„ рече Кедев. На 10 мај 1989 година Димитар Илиевски - Мурато стана првиот македонец, кој го освои највисокиот светски врв. Во неговата чест в сабота ПСК Пелистер го организира 25 јубилеен меморијален марш. 

Нема коментара:

Постави коментар