Powered By Blogger

9. 5. 2014.

Сертификатот од Монт Еверест, стигна од Непал во Битола

ВОДИЧАТ НА ЕКСПЕДИЦИЈАТА „ЕВЕРЕСТ 89„ СО ПРЕКРАСЕН ГЕСТ КОН СЕМЕЈСТВОТО ИЛИЕВСКИ
Емотивно беше навраќањето 25 години наназад на водачот на македонско-хималајската експедиција „Еверест 89„ Јован Поповски, кој во Битола допатува специјално за јубилејот кој ПСК Пелистер го прославува - четврт век од освојувањето на Монт Еверест на Димитар Илиевски - Мурато.
Поповски во 90 минути го прераскажа целиот процес кој од 1982 година македонските алпинисти го подготвуваа за освојувањето на највисокиот светски врв. Поповски за Диме говореше со суперлативи, како атлета и човек со неверојатни вредности: „Диме беше пионер на освојувањето на Монт Еверест. Денес секојдневно се освојува највисокиот врв, но во тоа време ние бевме меѓу 250 кои до таа 1989 година го освоија Монт Еверест. Тој беше способен да се аклиматизира на секоја ситуација, па така и на 8000 метри„ рече Поповски. 
На крајот од неговото излагање водачот на експедицијата на семејството Илиевски му го подари сертификатот, кој од Непал пристигна во Македонија во 1998 година, дури 9 години по освојувањето „Ова признание заслужува да биде во Битола и во семејството Илиевски„ заврши Поповски. В сабота со 25 јубилеен меморијален марш, ќе заврши неделата на одбележување на подвигот на Димитар Илиевски - Мурато со искачувањето на Монт Еверест.

Нема коментара:

Постави коментар