08.05.2014.

Дрогришки и Ѓорѓиевски го паднаа Зомимак на колена

ПАК ТАЛЕНТИРАНИТЕ БИТОЛСКИ МЛАДИНЦИ, ТВОРЦИ НА ДОБРА ПАРТИЈА И ПОБЕДА ЗА МОРАЛОТ И РАЗВОЈОТ НА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР
Пелистер - Зомимак М 28:24 (11:11)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 2000
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Петре Клинкаров (Велес)

Пелистер:
Нкунгуа (16 одбрани), Божиновски, Вакарук, Талевски, Јанев 1, Дрогришки 6, Блажевски 1, Димитровски 1, Јуравлиов 5, Илиевски 1, Вешовски 1, Филиќ, Ѓорѓиевски 8, Кузмановски, Чурлевски 2, Бесараб 2
Седмерци: 5/4
Исклучувања:  10 минути

Зомимак М:
Колев, Атанасов, Павловски, Младеновски 4,Стојанов, Тренчевски, Милосављевиќ, Шалевски 2, Босеовски 1, Стојановски, Ангеловски 4, Спировски, Чантурија 4, Митревски, Караиванов, Везенковски 9
Седмерци: 7/6
Исклучувања:  8 минути


Пак со голема помош на талентираните ракометари од школата на клубот, Пелистер одигра одличен меч како и против Вардар и го совлада Зомимак со 28:24. Во меч кој долго време беше израмнет, пресуди почетниот дел од второто полувреме, кога младите Дарко Ѓорѓиевски и Стефан Дрогришки ја превзедоа одговорноста и со серија 4:0, од 12:12 на битолскиот тим му донесоа 16:12. Таа предност момците на Игор Николовски ја одржуваа до самиот крај и упорно ги одбиваа сите напади на струмичани. Мотивирани од извонредниот французин на голот Крис Нкунгуа и од две илјадната публика, пелистерци се надминаа себеси. Златко Везенковски еднинствен парираше, но не успеа да го спречи првиот пораз во четвртиот меѓусебен дуел на екипата на Зомимак М со битолски Пелистер. Трет меч по ред откако Николовски дојде на тренерското место во битолскиот тим, како голема минутажа добиваат младинските продукти на школата и тие максимално ја користат. Наредниот тест за зелените е саботното гостување кај Пролет во Скопје.

Нема коментара:

Постави коментар