07.05.2014.

Касим Каменица ненадеен гостин во Битола

ПО ПРЕКРАСНИОТ ПРОЛЕТЕН ДЕН ВО БИТОЛА, НЕНАДЕЈНО ГОСТУВАЊЕ НА ТРОФЕЈНИОТ БОСАНСКИ ТРЕНЕР
Битолчани денеска беа пријатно изненадени од присуството на Касим Каменица во Битола, кој ненадејно допатува да го гледа дуелот меѓу Пелистер и Зомимак М од плеј-офот во домашното првенство.
Поранешниот тренер на Пелистер во 80-тите години кога тимот ги имаше најголемите успеси, настап во европските купови и се бореше за титулата во СФРЈ со Металопластика, во моментов е без ангажман, па многумина го протолкуваа како можност за враќање во градот каде последен пат беше пред десетина години Во Битола веќе се раширија шпекулациите дека Каменица бил на разговор со Силјан Мицевски, сопственикот на Пелистер. Тој го препорача и Ратко Ѓурковиќ за тренер кога пред две сезони Мицевски реши повторно да биде спонзор во клубот, но бидејќи се уште не беа расчистени внатрешните односи во клубот, брзо заврши „љубовта“ и Ѓурковиќ си замина. Во моментов тренер на Пелистер е Игор Николовски. Каменица демантира дека во Битола е на покана на Мицевски, туку неговото доаѓање во Македонија е „чисто приватна посета“. Тој планира и утре да биде во Скопје да го гледа дербито меѓу Металург и Вардар во Автокоманда. Каменица во моментов е слободен и без ангажман. Последно тренерско место на Каменица му беше место во Ловќен од Цетиње, Црна Гора а претходно долги години беше тренер на Нексе од Нашице, Хрватска. Беше тренер и селектор и на Словенија, на Бих и на Црна Гора. Бил на клупите на Загреб, Кометал ЃП, Пруле 67 и Босна.

Нема коментара:

Постави коментар