Powered By Blogger

9. 5. 2014.

Куп четвртфиналето со Металург в понеделник од 17 часот

ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА, ПЕЛИСТЕР ЌЕ ОДИГРА ТРИ ОФИЦИЈАЛНИ МЕЧА ПРОТИВ МЕТАЛУРГ
Иако се најавува уште едена битка меѓу Вардар и Металург, на фајнал-фор турнирот од Купот, сепак потребно е тие и официјално да се пласираат таму. На Металург му треба само една победа за тоа.
Во финалето од осминафиналната група 4, ланскиот освојувач на Купот го пречекува Пелистер во Автокоманда, в понеделник во 17:00 часот.Вардар, пак, треба да одигра два натпревара. Тој е носител на групата 4 во која се уште и Охрид и Металург јуниор и затоа потребно е да ги победи и двата противника за да се спакува за завршницата, идниот викенд. Овие дуели се закажани за вторник, прво во 13 часот Вардар против Охрид, а потоа во 19 победникот од таа средба против Јуниор.

Нема коментара:

Постави коментар