Powered By Blogger

12. 5. 2014.

Оливера се враќа со светско злато од Полска

НОВ ПОДВИГ НА БИТОЛСКИОТ СТРЕЛАЧКИ ФЕНОМЕН
Златната битолчанка не ги менува своите навики. Имено, Оливера Наковска-Бикова го освои првото место и големиот пехар во дисциплината паѓачки мети на Светскиот куп во стрелаштво за лица со инвалидност што се одржува во Шќеќин, Полска.
Во конкуренција на 39 натпреварувачи (мажи и жени, мешано), во финалето влезе заедно со Растко Јокиќ и Живко Папаз од Србија, како и Мајл Талјапјетра од САД. По 10 истрели во дисциплината што наликува на биатлонот во скијањето, со седум соборени мети од 10 можни, Наковска-Бикова славеше пред Јокиќ и Папаз, двајцата со пет. Претходно таа успешно ги мина и квалификациите кои се одвиваа во четири круга. Македонската златна параолимпијка претходно, во дисциплината воздушен пиштол на овој Светски куп го освои осмото место. На ова натпреварување настапи и селекторот Бранимир Јованоски, параолимпискиот првак од Барселона 1992, кој се враќа на активното стрелање по подолга пауза. Тој оствари 541 круг во дисциплината воздушен пиштол со што оствари норма за учество на Светското првенство во Зул, Германија, што ќе се одржи од 17 до 26 јули.

Нема коментара:

Постави коментар