Powered By Blogger

7. 5. 2014.

Како пред 19 години јубилејното белградско дерби го одлучи еден македонец!

НА 6 МАЈ ПРЕД 19 ГОДИНИ, ЕДЕН МЛАД БИТОЛЧАНЕЦ СЕ ЗАПИША ВО ИСТОРИЈАТА НА НАЈГОЛЕМОТО ЈУ-ДЕРБИ
Српскиот гигант Црвена звезда денешниот Ѓурѓовден го слави како свој празник, напоредно како денот на основањето на бившиот европски првак. Причина за тоа е јубилејниот 100 дерби меч со лутиот ривал Партизан, кој се одигра на денешен ден пред 19 години, а го одлучи македонец. Имено Митко Стојковски тогаш носејќи ја капитенската трака на Црвена звезда го одлучи најпознатото дерби во историјата на југословенскиот, подоцна српскиот фудбал.
Битолчанецот иако играше како лев бек изнуди пенал и го постигна победоносниот гол за црвено-белите. Стојковски одсекогаш бил каризматичен и човек за клучни голови. Така беше и на првиот официјален меч на нашата репрезентација каде првиот гол го постигна против Данска во 1994 година а и голот за единствениот Куп трофеј на Пелистер во 2001 година во финалето победа над Слога Југомагнат и победа од 2:1. Од тоа дерби, но и по одличните партии во дресот на славниот белградски клуб, секоја година медиумите од Србија го посетуваат Стојковски и ја прераскажуваат неговата приказна како јунак од сенка на натпреварот над натпреварите во Србија. Малкумина се сеќаваат дека на спротивната страна во 100 дерби беше уште еден одличен македонски фудбалер, Виктор Треневски. Голот и настапот во 100 дерби ја одбележа кариерата на Митко Стојковски, кој покрај за Црвена Звезда настапуваше и за Пелистер, Овиедо, Штудгарт и македонската репрезентација.
Црвена звезда - Партизан 2:1 (0:0)

Сабота, 6 мај 1995 година
Стадион на Црвене звезде. Гледачи: 90.000
Судија: Бабарогиќ (Белград)
Стрелци: 0:1 Бјековиќ (71), 1:1 Ковачевиќ од пенал (79), 2:1 Стојковски 85.

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА:
Милојевиќ, Стефановиќ, Џоровиќ, Радмановиќ, Стојковски, Бајчетиќ, Аџиќ (Живковиќ), Крупниковиќ, Ковачевиќ, Петковиќ (Перовиќ), Сакиќ.
Тренер: Љупко Петровиќ

ПАРТИЗАН:
Пандуровиќ, Мирковиќ, Савељиќ, Наџ, Болиќ, Џуриќ, Тешовиќ, Чурчиќ, (Треневски), Бјековиќ, Чириќ, Милошевиќ.

Тренер: Љубиша Тумбаковиќ

Нема коментара:

Постави коментар