Powered By Blogger

18. 5. 2014.

Дебакл во вториот дел и на крајот шесто место за Пелистер

НАЈУБЕДЛИВ ПОРАЗ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ПОСЛЕДНОТО 33 КОЛО
Прва фудбалска лига - 33 коло
Шкендија - Пелистер 4:0 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер со највисокиот пораз во сезоната го завршија шампионатот на шестото место, точно на средина од Првата лига. Немаше ниту теорија да се надеваат на место во Европа, па на гостувањето кај Шкендија стручниот штаб изведе подмладен тим, кој спроти себе имаше нотивиран состав, кој со победата од 4:0 се избори за место во Лигата на Европа за наредната сезона, минувајќи го Вардар на четвртото место.
Во првото полувреме Пелистер добро се бранеше, но во краток временски интервал во второто полувреме доживеа катастрофа. Најнапред хрватот Бојан Вручина во 54 минута, па Шабани во 60 и пак Вручина во 67 минута го разбија тимот од Битола. Финалните 4:0 ги постави Нуриши во 71 минута. Заедно со поразот во Штип од 3:0 и домашните 0:4 против Ренова, ова неделно попладне беше најлошото за долго време солидниот Пелистер на Драган Бочевски оваа сезона. Со 52 бода по 33 кола, 10 помалку од шампионот Работнички, Пелистер сезоната ја завршува на шестото место, а во националниот Куп стигна до четвртфиналето. Гол разликата 40 постигнати и 40 примени гола доволно говори дека Пелистер ја заслужи средината на табелата. Новата сезона 2014/15 почнува на почетокот на август. 

Нема коментара:

Постави коментар