06.05.2014.

Вардар се испоти за бодовите во Битола

ОДЛИЧЕН МЕЧ ЗА МЛАДАТА БИТОЛСКА ЕКИПА ПРОТИВ АКТУЕЛНИОТ ПРВАК
Пелистер - Вардар 24:28 (10:14)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 2500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славчо Николов (Скопје)
Делегат: Душко Камишевски (Скопје)

Пелистер:
Нкунгуа (19 одбрани), Божиновски, Вакарук, Талевски, Јанев 1, Дрогришки 3, Блажевски 1, Димитровски 4, Јуравлиов, Илиевски, Вешовски 5, Филиќ, Ѓорѓиевски 3, Кузмановски 1, Чурлевски 5, Бесараб 1
Седмерци: 0/0
Исклучувања: 4 минути

Вардар:
Малумбрес (2 одбрани), Милиќ (10 одбрани) 1, Козлина, Недановски, Прибак 1, Тоскиќ 3, Раковиќ 2, Марковиќ 5, Карачиќ 2, Душебаев 5, Абутовиќ, Лазаров 3, Терзиќ, Брумен 2, Чипурин 4
Седмерци: 4/2
Исклучувања: 12 минути

Мотивираниот Пелистер одлично го почна мечот и французинот Крис Нкунгуа со неколку интервенции во серија им даде крилја на соиграчите. Дрогришки и Ѓоргиевски погодија по два пати и на половина полувреме, Пелистер прв пат поведе со 6:5. Но вардарци ја средија одбраната, Милиќ се разбрани и со серија на лесни голови на крилата Марковиќ и Раковиќ брзо резултатот гласеше 6:11. Сепак благодарение на Филип Чурлевски во финишот на првиот дел, пак Пелистер фати приклучок и со 10:14 се замина на одмор. Добрата игра на одбраната и пред се на голманот Нкунгуа, на битолчани им донесе лесни голови на Ѓорѓиевски, Вешовски и Дрогришки за 15:17 во 40 минута. Исклучувањата на Абутовиќ и Брумен го вратија Пелистер во мечот. Домаќините играа во транс и Чурлевски и Вешовски на половина од вториот дел го доближија аутсајдерот до само -1. Првакот беше непрепознатлив и никако не можеше да фати ритам. Тогаш српскиот интернационалец Тоскиќ постигна два гола од одпадок за 19:22 во 48 минута. Цели пет минути следеа по четири последователни реализирани напади за 23:25 на 8 минути до крајот. Зелено-белите се понадеваа на подвиг кога одличниот кадетски репрезентативец Кузмановски и капитенот Димиотровски се доближија до 24:26 и исклучен беше Абутовиќ. Но Душебаев и Марковиќ погодија за 24:28 и дефинитивна победа на црвено-црните. Битолската публика со аплаузи ги испрати двете екипи, посебно домашната која демонстрираше силен отпор против многу поквалитетниот противник.      

Нема коментара:

Постави коментар