Powered By Blogger

19. 5. 2014.

Бугарските интернационалци го напуштија Пелистер

НА ИСТЕКОТ ОД ДОГОВОРОТ БУГАРСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ПЕЛИСТЕР ЈА НАПУШТИЈА МАКЕДОНСКАТА ЛИГА
По завршувањето на фудбалската сезона бугарските интернационалци го напуштаат Пелистер со емоции и многу позитивни искуства од овие 10 месеци минати во клубот од Битола. Официјално се обратија Николај Христов и Мартин Ковачев со посебен поздрав до навивачите.
Заедно со нив и Димитар Воденичаров, Кирил Динчев и Љубомир Љубенов ќе побараат нов клуб. „Поминав одлични 10 месеци во ФK Пелистер. Запознав навистина добри луѓе, со фудбалерите станавме големи другари. Им се заблагодарувам на стручниот штаб, на управата, на фудбалерите. За навивачката група Чкембари можам слободно да кажам дека се меѓу најдобрите на Балканот, и без нив Пелистер тешко би опстојувал. Овие луѓе, градот, идните генерации, дефинитивно заслужуваат врвен фудбал во Битола. Ви благодарам на сите и Пелистер ќе ми остане во срцето" рече Николај Христов. „Што и да кажам е премалку. Изминатите 10 месеци беа едни од најубавите во мојата кариера. Ви благодарам на сите, на фудбалерите, на стручниот штаб, на Чкембарите, на цела Битола, а најмногу на Гоце Силјанов - Монголот, за се што направивте за мене. Ви благодарам за целата подршка што ми ја дававте„ подвлече командантот на одбраната Мартин Ковачев. Иднината на петмината бугарски интернационалци ќе биде позната во летниот преоден рок, а Пелистер врти нова страница и наскоро ќе бидат познати плановите за сезоната 2014/15.

Нема коментара:

Постави коментар