Powered By Blogger

29. 5. 2014.

ФК Пелистер: „Тенденциозно сака да му се наштети на нашиот клуб„

СООПШТЕНИЕ НА БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ФК ПЕЛИСТЕР  ДО МЕДИУМИТЕ
По повод шпекулациите во одредени медиуми за состојбата во ФК Пелистер, клубот се огласи со демант на пишувањата во одредени медиуми. Соопштението го емитуваме во целост:

Почитувани

ФК Пелистер комплетно ги негира ставовите и таканаречените изјави на анонимен фудбалер на клубот, кои дијаметрално спротивно ја отсликуваат состојбата во нашиот клуб. Скоро секој збор е подложен на демант, а за тоа клубот располага со уредна документација и докази. Овој обид за дестабилизирање на клубот го сметаме за тенденциозно прикажување на слика која не е точна. Во клубот 90% од буџетот кој го обезбедува единствениот акционер, Општина Битола оди на исплаќање на примињата на фудбалерите. Точно е само дека останатите сервисни служби на клубот, како и оперативците кои го водат клубот, не добиле надомест или плати за своите услуги извесен период и тоа само за фудбалерите да бидат исплатени. Затоа во оваа прилика јавно им се заблагодаруваме на официјалниот клубски превозник, сервисот за исхрана на фудбалерите, информативниот и маркетинг сервис, Брза помош, официјалното озвучување, видео снимателите и слични многу важни структури на клубот, кои ја сватија состојбата и беа подготвени да почекаат за да ги добијат своите хонорари или плати. Впрочем и тие како и луѓето од спортската структура на клубот имаат семејства и живеат од примањата во клубот и се жртрвуваат да ја оствариме целта која ја зацртавме, а за жал не ја остваривме (излез во фудбалска Европа). Фудбалерите во новата 2014 година редовно ги добиваат своите плати, заклучно со 25 април кога последен пат добија плата. Исто така во 2014 година исплатени им се три циклуси за собран број на бодови и една екстра премија. Клубот на својот управен одбор два пати ја повлече казната за неисполнет циклус, само да се исполни целта - излез во Европа. Затоа ова неточно прикажување на вистината го сметаме и како еден вид на алиби на голем дел од оние кои не ја исполнија целта. Впрочем инаку немаше ништо да биде анонимно или сокриено. Во нашиот клуб транспарентноста е многу важна работа. Тотално неточни се информациите за исхраната на фудбалерите. Пелистер е клуб со карантин скоро пред секој гостински натпревар цела пролет и не постои клуб со толку многу карантини во Македонија како нашиот, во вториот дел од шампионатот. Исто така и по секој одигран натпревар на гостувањата нашиот клуб обезбедува ручек за фудбалерите, иако тоа не е задолжително или принцип во другите клубови. Нормална процедура е и ручекот пред секој домашен натпревар. Одговорно потенцираме дека изјавите поврзани со исхраната се далеку од вистината. Затоа уште еднаш потенцираме дека вистината има име и никогаш не е анонимна. Околу лиценцата за излез во Европа, ФК Пелистер навреме ги решаваше проблеми поврзани со лиценцирањето и одговорно тврдиме дека ако фудбалерите обезбедеа пласман во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, таму и ќе играа. Во спротивно одговорноста е на клубот и луѓето кои го водат. Продажбата на клубот не е брз процес и за него се грижи општината или поточно комисијата за спорт при Општината. Нормално беше најнапред да биде распишан јавен повик за интерес, а потоа откако општината ќе го испита пулсот и ќе ги постави критериумите да распише јавен повик за продажба, што и ќе се случи в петок на 30 мај. Одлука на општината и само на општината е која понуда ќе ја окарактеризира за сериозна и кога ќе одлучи да преговара и да го продаде клубот. Не се точни шпекулациите дека акционерот не се грижи за клубот или манипулира. Исто така во врска со спортските објекти напоменуваме дека тие се одделен дел од клубот и со нив менаџира општина Битола, а поставувањето на времени објекти како летна дискотека се дел од планот на Општината, кои во секој момент можат да претрпат измени и дислокација. Сакаме уште еднаш да потенцираме дека ФК Пелистер АД сите свои активности ги врши транспарентно и така ќе биде и во иднина. Сите обиди да се манипулира со клубот не ги прифаќаме и спротивно од тоа по легален пат ќе го заштитиме нашиот клуб.

Со почит

ФК Пелистер АД

Нема коментара:

Постави коментар