Powered By Blogger

28. 5. 2014.

ФОТО: Еве како изгледа јавниот повик за продажба на ФК Пелистер

СЕ ГЛЕДА ЛИ КРАЈОТ НА САГАТА ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР?
Општина Битола го претстави јавниот повик за продажба на клубот кој во петок треба да помине на седницата на советот и потоа да излезе на берза. Тоа е последна стапка околу долго очекуваниот процес за менување на сопствеништвото на клубот.
По минумум цена од 6.150 денари по акција или вкупно 1.537.500 денари, општината ќе го обврзе потенцијалниот купувач да инвестира во екипата 500.000 евра годишно, како Пелистер би бил компетитивен. Годишниот износ може да се намалува најмногу до 30% доколку во претходната година е освоено 1 (прво) место во Првата македонска фудбалска лига, до 20 % доколку е освоено 2 (второ) место и до 10 % доколку е освоено 3 (трето) место. За секое место на табелата под 3 (трето) место, обврската за вложување се зголемува за 20 %. Годишниот износ е наменет за редовно и тековно функционирање на Друштвото и на првиот (професионален) тим кој настапува во Првата македонска фудбалска лига, младинските екипи од сите возрасти, како и администрацијата на акционерското друштво во временски период од минимум 6 години. Неофицијално постои интерес за јавниот повик, но тотално се разликуваат повикот за интерес и за продажба, па неизвесно е дали и кога Пелистер ќе биде продаден. Во случај никој да не се јави на повикот, општината треба да пронајде платформа како ќе го води клубот понатаму и дали ќе остане единствен акционер. 

Нема коментара:

Постави коментар