13.05.2014.

Пелистер елиминиран од Купот од фаворитот Металург

БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ПРВИОТ ДУЕЛ ВО 2014 МЕЃУ МЕТАЛУРГ И ПЕЛИСТЕР
Металург - Пелистер 32:28 (15:9)

Судии: Александар Вукашиновски и Исмаил Металар од Скопје.
Делегат: Благој Петров од Велес.

Металург:
Мијатовиќ, Митревски, Ојлески 2, Димовски, Пецаковски, Георгиевски 1, Манасков 4, Миркуловски 3, В.Маркоски 1, Н.Маркоски, Мојсоски 1, Циндриќ 9, Кеџо 4, Пешевски, Борозан 7, Мандиќ.    

Седмерци: 3/2   
Исклучувања: 4 минути.

Пелистер:
Нкунгуа, Талевски 3, Јанев 2, Дрогришки, Блажевски, Димитровски 1, Јуравлиев 3, Илчевски 4, Вешовски 4, Филиќ 1, Георгиевски 5, Кузмановски, Вакарук, Чурлевски 1, Божиновски, Бесараб 4 

Седмерци: 2/0  
Исклучувања: 4 минути

Актуелниот освојувач на ракометниот Куп на Македонија, екипата на Металург, го формализира пласманот на завршниот турнир во Охрид, идниот викенд. Во финалето од осминафиналната група 1, Металург го победи Пелистер со 32:28 и продолжи на патот кон шестиот трофеј во Купот. Без Дарко Станиќ, Павел Атман, Ацо Јоноски и Ренато Вугринец во екипата, Металург одигра рутински натпревар во кој имаше константно водство, со исклучок на првите десетина минути додека важеше 5:5. Иако дојде до предност и од шест гола (15:9), на полувреме фаворитот водеше со 16:14, а во второто полувреме водството допре и осум разлика (29:21). Сепак, Пелистер направи една серија од 5:1 во последните 10 минути и се избори за пристоен пораз. Циндриќ уште еднаш ја покажа својата класа и постигна девет гола, а одличен натпревар одигра и Борозан, со осум погодоци. Најефикасен кај битолчани беше Ѓоргиевски со пет гола.

Нема коментара:

Постави коментар