Powered By Blogger

16. 5. 2014.

Новески доби нов тренер во Мајнц

ТРЕНЕР ОД ДАНСКА ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ МАЈНЦ НА НОВЕСКИ ВО ЕВРОПА ИДНАТА СЕЗОНА
Данскиот фудбалски стратег Каспер Хјулманд потпиша тригодишен договор со германски Мајнц и ќе го наследи Томас Тухел. „Клубот совршено одговори на мојата фудбалска философија и затоа одлуката да го преземам кормилотo на Мајнц ја прифатив со срце“, изјави Хјулманд.
Тој во 2011 година беше избран за тренер на годината во Данска, на клупата на Мајнц доаѓа од данскиот суперлигаш Нортсјеланд, со кого ја освои шампионската титула во 2012 година, а обезбеди и пласман во Лигата на шампионите. „Хјулманд одлично се поклопува со профилот на тренерот кој го баравме“, изјави претседателот на Мајнц Кристијан Хајдеи и додаде дека Данецот негува напаѓачки фудбал. Мајнц, каде игра и нашиот интернационалец Николче Новески, сезонава ја заврши на седмата позиција во германската Бундеслига, што значи дека ќе игра во Лигата на Европа следната сезона.

Нема коментара:

Постави коментар