Powered By Blogger

31. 5. 2013.

Математика може само да му наштети на Пелистер

ВТОРО КОЛО ПО РЕД ПЕЛИСТЕР МОРА ДА ПОБЕДИ И ДА ЧЕКА ПОЗИТИВЕН ИСХОД ОД ВТОРИОТ НАТПРЕВАР
Победата против Шкендија ги осоколи пелистерци дека можат работата околу опстанокот да ја завршат веќе в недела со победа против Напредок. Но работите не зависат од Пелистер по ремито на Дрита на теренот на Ренова. Затоа за опстанок на Пелистер сега му требаат три бода од мечот со кичевчани и помош од Шкендија на теренот во Боговиње.
Но од битолскиот табор опоменуваат дека не треба да се размислува за исходот на вториот меч во борбата за опстанок, иако практично тоа е невозможно. Зелените ќе играат со Напредок без повредениот капитен Димче Ристевски и неговата замена е најголема дилема на стручниот штаб. Најблиску до организација на играта на битолчани е Благојче Рутевски, а во тимот по неиграњето против неговата бивша екипа Шкендија се враќа Благојче Главевски. „Мислам дека ако правилно му пристапиме на натпреварот и одиграме добро почетни 15-20 минути можеме да се надеваме да победа. Во минатото Напредок знаел да ни создаде многу проблеми, но сега во Битола верувам дека бодовите ќе останат кај нас. Веќе три кола не сме примиле гол, играме солидно и ќе биде вистинска штета ако тоа не го реализираме со опстанок без дополнителен бараж натпревар„ ни рече Тони Вељановски кој исто така имаше 30-35 дена одсуство од зелениот терен и се враќа во најдобар момент. Битолчани велат дека нема да калкулираат и со евентуалниот противник во баражот иако ако тргне по лошо на мечот во Боговиње, пелистерци можат да бираат меѓу Скопје и Еуромилк. Тренерот Димов ќе го потврди тимот кој славеше во Гостивар со исклучок на повредениот Ристевски. Барем од почеток се очекува и Главевски да биде на клупата.

Нема коментара:

Постави коментар