Powered By Blogger

20. 5. 2013.

По првенството и Купот за Шундовски и Ангеловски

НОВА ДВОЈНА КРУНА ЗА КОНСТАНЦА СО ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ КАКО ГЛАВНИ ПРОТАГОНИСТИ
Нов одличен резултат на македонската колонија во Романија. Неколку недели по освојувањето на првенството на оваа земја, Констанца на Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски на убедлив начин го освои и националниот Куп на оваа земја.
Во мини-турнирот на најдобрите осум екипи во Купот, Констанца се мачеше се до финалето, кога цела своја лутина ја искали на најлутиот ривал Бакау. Имено во едно од најубедливите финалиња во историјата на романскиот Куп, Констанца го совлада тимот на Бакау со 11 разлика и ја докажа својата класа и квалитет и пак завршува со двојна круна и ќе ја претставува Романија во Лигата на шампионите наредната сезона.

Констанца - Бакау  34:23 (15:9)

Констанца:

Смит (8 интервенции), Станеску (8 интервенции), Томас 7, Вал 6, Шимичу 5, Ставртоситу 4, Ангеловски 4, Сабоу 3, Хумет 2, Садовеац 1, Кристеску 1, Кричитоју 1

Седмерци: 0/0
Исклучувања: 4 минути

Бакау:

Лиска (3 интервенции) ,Тевзадзе (7 интервенции), Григорас (2 интервенции), Да Силва 5, Ротару 4, Бондар 3, Џоел 3, Пауника 3, Јанку 2, Рамба 1, Moја 1, Доспинеску 1

Седмерци: 7/5
Исклучувања: 4 минути

Нема коментара:

Постави коментар