Powered By Blogger

14. 5. 2013.

„Ресетиран„ Пелистер за гостувањето кај Тетекс

МОЖАТ ЛИ ЗЕЛЕНИТЕ ЗА САМО ТРИ ДЕНА ДА ГО ЗАБОРАВАТ КАТАСТРОФАЛНИОТ МЕЧ СО СИЛЕКС И ДА СЕ НАСОЧАТ НА МЕЧОТ СО ТЕТЕКС? 
Поразот од Силекс ги расипа сите можни планови, сите комбинации, сите математики на Пелистер. И сериозно го разниша моралот на зелените кои до тој момент се надеваа на опстанок без бараж. Сега во пресрет на мечот со Тетекс во Скопје, зелените не зависат сами од себе за својот финален пласман и пак имаат сериозни проблеми со составувањето на тимот.
Така Драгарски се враќа во стартниот тим, од кој одпаѓа Тони Магловски заради исклучувањето со Силекс. И натаму не тренира со полн интензитет Тони Вељановски и затоа изборот на фудбалери за последната линија е практично познат. Најверојатно ќе има неколку измени во останатите две линии, но Пелистер и оваа сезона имаше многу проблеми во двата меча со Тетекс. Во пресрет на предпоследното гостување искусниот Илир Елмазовски верува дека Пелистер треба да оди натпревар по натпревар „Сега размислуваме само за мечот со Тетекс. Колку и да е тешко да го заборавиме мечот со Силекс, мора да се насочиме на наредниот меч. Влеговме во негативна серија и само со максимална посветеност можеме да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Мечот со Силекс треба да ни биде поука, со каков пристап да влеземе во мечот со Тетекс„ вели Елмазовски.
                Последен пат Пелистер го совладал Тетекс надвор од Битола пред седум години, кога единствениот гол во Тетово го постигна Миле Димов, сегашниот тренер на зелените. Против тетовчани Пелистер за прв пат ќе се соочи со екипа на бившиот свој тренер Горазд Михајлов.

Нема коментара:

Постави коментар