Powered By Blogger

4. 6. 2013.

Сезоната на Пелистер виси во воздух?

НАМЕСТО ЕВРОПА, ПРЕКИН ВО БИТОЛА И МОЖНА КАЗНА И САНКЦИИ ЗА ПЕЛИСЕР ШТО ЌЕ ПРЕТСТАВУВА ДРАСТИЧЕН УДАР ЗА ИДНИНАТА НА КЛУБОТ
 Пелистер - Тинекс Пролет прекинато

За жал клучниот натпревар за влез во Челинџ Купот и настап во Европа, во Битола не го доживеа крајот. Станува збор за натпреварот меѓу Пелистер и Тинекс пролет кој траеше близу 55, а не цели 60 минути. До несакани случувања дошло на пет минути до крајот, кога нападнати биле судиите Зипевски и Ѓоревски од Гостивар, како и неколку гостински ракометари, по што натпреварот бил прекинат.
Се уште нема детални информации околу тоа што точно се случувало пред и за време на прекинот, но официјалните лица донеле одлука истиот да не се доигра. Овој голем инцидент ќе значи и полни раце работа за водечките луѓе во РФМ, кои ќе треба да донесат одлука како да ги санкционираат ваквите нереди, за ништо слично да не се повтори во иднина.

Нема коментара:

Постави коментар