Powered By Blogger

29. 5. 2013.

Драгарски го продолжи сонот за директен опстанок

ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО ГОСТИВАР ЗА НЕДЕЖ И ЗА ОПСТАНОК ВО ЛИГАТА
Прва фудбалска лига - 32 коло

Шкендија - Пелистер 0:1 (0:1)

Со голот за на Христијан Драгарски во 45 минута, Пелистер славеше во Гостивар, каде Шкендија беше домаќин.
Во тврд натпревар зелените искористија еден прекин и во последната минута од првиот дел младинскиот репрезентативец Драгарски го постигна голот за надеж за опстанок. Вториот јунак беше голманот Пеце Коруновски, кој во вториот дел на неколку пати ги скроти ударите на Демири, Селмани и сограчите. И покрај притисокот во текот на целото второ полувреме, Пелистер ја забележа втората гостинска победа во сезоната, еден месец по успехот со Вардар во Скопје. Лоша вест единствено е повредата на капитенот Димче Ристевски кој прерано мораше да го напушти натптреварот. 

Нема коментара:

Постави коментар