Powered By Blogger

5. 5. 2013.

Думевски во потесен круг за титулата

Во Прилеп одржан првиот турнир во билјард во дисциплината ’8-ка’. Битолчанецот Думевски меѓу водечките
Минатиот викенд во Прилеп се одржа првиот турнир во дисциплината 8-ка, од првото државно првенство во билјард во Македонија.  Ова е прв пат да се организира натпреварување од овој вид, во четири дисциплини и со траење до февруари следната година.
Победник на првиот од серијата бодувачки турнири беше Дејан Сипковски од Скопје, кој во тесна борба во финалето го победи битолчанецот Горан Думевски. На делба на третото место се пласираа Александар Бошески и Трајче Дончевски. Првенството продолжува во Мај и се до Февруари наредната година предвидени се турнири во дисциплините 8-ка, 9-ка, 10-ка и 14.1. Со пријавени над 50 натпреварувачи, ова е еден од првите чекори на организаторите за популаризирање на овој интересен спорт кај нас.

Нема коментара:

Постави коментар