Powered By Blogger

12. 5. 2013.

Штипјани најдобри, битолчани добри организатори

ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ОРГАНИЗИРАН ЕКИПНИОТ ШАМПИОНАТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БОКС 
По три години љубителите на боксот во Битола имаа прилика да гледаат официјални боксерски натпревари, кои беа организирани од страна на боксерската федерација на Македонија, преку битолскиот боксерски клуб Бранител.
Покрај боксерите на Бранител во рингот во салата “Младост“ во Битола се појавија и боксерите на Пел Бит, а тука беа и боксерите од останатите боксерски клубови од Македонија. Вкупно на турнирот настапија боксери од 12 клубови од Македонија, а најуспешни според очекувањата ба гостите од Штип, од БК Баргала. Натпреварите се одвиваа во рамките на лига-турнирскиот систем,во кој се добива екипен првак на Македонија, а ова беше второто коло. За овој боксерски турнир од лигата имаше голем интерес, а над 1.000 битолчани присутвуваа во салата “Младост“ Дел од нив со насмевка на лицето се сеќаваа на најдоброте боксерски денови пред дваесетина години, кога во Битола имаше и по 5.000 публика. На турнирот врховен судија беше битолчанецот Цане Георгиевски.

Нема коментара:

Постави коментар