Powered By Blogger

24. 5. 2013.

Скапо платена победа на Металург во Битола

ПОВРЕДАТА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ ЈА ФРЛИ ВО ВТОР ПЛАН ЛЕСНАТА ПОБЕДА НА МЕТАЛУРГ ВО БИТОЛА
 Пелистер - Металург 20:34 (10:20)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Делегат: Јован  Василев (Битола) 


Пелистер:

Тоскоски, Нечков, Илиевски, Костовски, Ангеловски 3, Гаревски, Чурлевски 2, Најдовски, Тодоровски, Митевски 4, Димитровски 3, Кузмановски, Ивановски 1, Мемиќ 7, Божиновски

Седмерци: 2/1  
Исклучувања: 4 минути

Металург:

Станиќ, Митревски, Левов 3, Ракчевиќ 3, Димовски 2, Вугринец 9, Миркуловски 1, Георгиевски 2, Маркоски 1, З.Мојсоски, Додер 2, Батиновиќ 2, Јоновски 1, Мандиќ 2, Алушовски 6, Коражија      

Седмерци: 7/ 3 
Исклучувања: 4 минути

                Во навидум мирен и недраматичен натпревар, првакот Металург скапо го плати данокот на бодовите освоени во Битола. Имено на десет секунди до крајот на првиот дел, Гоце Георгиевски „летна„ во контранапад и Александар Ангелевски постави тело и репрезентативецот негодно падна на левата рака и страдаше коска од неговата шака. Подоцна беше констатирано дека се работи за скршеница и дека сезоната за десното крило е завршена. А мечот беше толку извесен што со исклучок на првите 10-15 минути, немаше неизвесност. Металург при 7:9, направи долга позитивна серија и со одлична игра во одбрана дојде до прва двоцифрена предност во 28 минута (9:19). Станиќ и Вугринец одиграа коректно прво полувреме, а потоа Червар исто како и Ракчевиќ, Алушовски и Миркуловски го повлече на клупата. Словенецот беше посебно инспириран и постигна 9 гола за едно полувреме.
                Во вториот дел шанса добија Левов, Мандиќ и Батиновиќ и темпото и разликата останаа двоцифрени. Мечот мина во нереална атмосфера во Битола, со скромна посета и без навивање. Пелистер го губи чекорот со Европа и втора година најверојатно ќе остане без натпревари од европските купови. Битолските судии Митревски и Тодоровски немаа тешка задача, а таа што ја имаа одлично ја завршија.

Нема коментара:

Постави коментар