Powered By Blogger

28. 5. 2013.

Пелистерци со низок профил, бркаат победа под Шара

БЕЗ ФАВОРИТСКА УЛОГА И ПОМПАЗНИ НАЈАВИ, БИТОЛЧАНИ СЕ НАДЕВААТ НА ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК СО УСПЕХ ВО ТЕТОВО
Веќе од поодамна кога во Битола се најавуваше некој меч како меч на сезоната, или најважен дуел во овој период, фудбалерите не одговараа на предизвикот. Затоа сега без дополнителна пресија, Пелистер се обидува во мир да го подготви мечот со Шкендија и да не се надева премногу на чуда.
Посебно кога не зависи сам од себе. А зелените и да ги добијат двата натпревари со Шкендија и Напредок, немаат гаранција дека ќе опстанат без да играат бараж. Тимот кој тренерот Миле Димов ќе го извади со црвено-црните од Тетово, сеуште е непознаница, а дилеми има во сите линии. Посебно по повредите на Тони Вељановски и Благојче Главевски. Еден од најконстантните оваа сезона, Томе Китановски верува дека сезоната за Пелистер сеуште не е завршена „Мислам дека не треба посебна мотивација за овие последни два натпревари. Пелистер умее со секого и ќе се надигруваме и со Шкендија. Знаеме за нивниот квалитет, за нивната непобедливост во Тетово, но во овој момент ние имаме повеќе мотиви од нив. И тоа е нашиот адут. Сега бодовите се најважни и верувам дека со малку среќа можеме да донесеме полн плен од Тетово„ вели младинскиот репрезентативец. Пелистер ќе ја има најстандардната четворка во одбраната оваа сезона, во средниот ред шанса ќе добие Стефан Магловски, а во нападот до последен момент ќе биде неизвесен настапот на Благојче Главевски. Затоа Марковски има свои шанси да го почне мечот. Во првиот дел од сезоната двете екипи се сретнаа два пати. Под Тумбе кафе мечот заврши без победник 1:1, а под Шара славеше тимот на Шакири со 3:1.

Нема коментара:

Постави коментар